Фотографијата на која се гледа дете од Кина од глава до пети во бел скафандер, кое носи ранец речиси поголем од него и они низ болничките ходнииц, растажиле милиони луѓе на социјалните мрежи.
“За жал, 4-годишното дете е заразено со коронавирус. Нема родители во придружба. Само е во карантин”, пишуа во описот на видеото на Твитер.
“Ме боли срцето”, гласи еден од коментарите на “Веибо”, кинеската платформа слична на Твитер.
Друг корисник напушал дека му “течат солзи”.
Видеото, пишува “CNN”, служи како моќен потсетник на цената на кинеската политика кон коронавирусот, која и помогнала на земјата да сузбие нова масовна појава на вирусот.
Упатството за елиминација на вирусот се состои од ставање на цели населби во изолација, тестирање на милиони жители во неколку дена и брза изолација на заразените луѓе и нивните блиски контакти.
Овој пат, строгите мерки биле применети и на помладите генерации – меѓу кои епидемијата била за прв пат откриена и брзо се проширила.
Според податоците на владата, во Путиан, 57 од пријавените 129 случаи се помлади од 12 години. За да се спречи понатамошниот пренос, заразените деца кои одат во градинка се одвојуваат од родителите и се ставаат во болничка изолација.
На прес-конференција вчера, властите во Путиан ги оправдувала кинеските правила за контрола на епидемијата. Но, како што било кажано, ако детето и неговите родители се заразени , болницата ќе се обиде да ги лечи на истото одделение.
На почетокот децата кои дошле во контакт со заразени, но имале негативен тест, исто така биле ставани во карантин без родители.
Таа политика подоцна била ублажена, па на децата помлади од 14 години им било дозволено да престојуваат со родители или други членови на семејството во карантин, но изолацијата за заразени деца останува на сила.
Зу Киакинг, медицинска сестра која го снимила видеото во болница, за локалните медиуми рекла дека очите и биле полни со солзи кога го забележа возилото на итна помош полно со децата кои пристигнувале.
Таа рекла дека пристигнале доцна, бидејќи некои од децата не сакале да излезат од дома и плачеле пред да ги натераат да влезат во возилото на итна помош.
莆田4岁无症状感染者被单独隔离、拉去做CT,这对小孩身心的伤害比病毒大多了,没有人性。 pic.twitter.com/bXDRKqFtNr
— 方舟子 (@fangshimin) September 14, 2021