Тригодишниот Ентони „Еј Џеј“ Елфалак бил пронајден после повеќедневна потрага во шума во Австралија, недалеку од неговата куќа во Нов Јужен Велс.
-Мој Еј Џеј, Еј Џеј, велела мајката низ солзи додека еден спасувач го држел во прегратка.,
Оваа емотивна средба била забележана откако после потрага со хеликоптер момчето било забележано во шума како пие вода од поток.
Тригодишникот е аутистичен и не зборува, пренесува Би-Би-Си.
Тој по телото бил каснат од мравки и имал рани на нозете, но бил добро.
Веднаш бил префрлен во болница.
Неговите родители не се сигурни зошто одлутал од дома, но рекле дека е чудо што бил пронајден жив.