Во Мостар, двајца полицајци минатиот викенд претепаа младо момче, кое навело дека дека само ги прекршило пропишаните епидемиолошки мерки.
Момчето, заедно со снимката од настанот, напишал дека полицијата го однела во станица откако го претепала пред влезот во зградата во која живее, по што го ослободиле со прекршочна пријава за кршење на полицискиот час, пренесува порталот Pogled.ba.
По тепањето, тој бил однесен во Полициското одделение Мостар, каде му била изречена казна за кршење на мерката полициски час, по што го пуштиле да оди сам дома на полноќ. Откако потоа му се слошило дома, човекот сам се пријавил во болницата во Мостар каде му биле утврдени повредите.
Инаку, насилните полицајци се отстранети од должноста и покрената е истрага против нив, потврди за Bljesak.info Људевит Мариќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на округот Херцеговина-Неретва.
„Министерството за внатрешни работи на ХНЖ најостро го осудува бруталниот излив на полицајците, за кој нема оправдување. Ова е класичен пример за пречекорување на овластувањата и полицискиот кодекс, поради што длабоко се извинуваме на целата јавност, а особено на младиот човек“, рече Мариќ.