Неверојатно видео од белградскиот трамвај беше објавено на страницата „Мој Белград“ на „Инстаграм“ и предизвика жестоки реакции.
На него се гледа како помлада девојка ѝ седи во скутот на повозрасна патничка и се расправаат. Тоа се случи на линијата 13 во Нов Белград во попладневните часови.
„Ѝ седна на баба во скутот и ја чекаше да стане бидејќи ја болат нозете“, стои во објавата.
Постарата госпоѓа го моли девојчето што седи врз неа да стане, но таа не се откажува.
„Остави ме на мира, не се чувствувам добро. Не прави сцена“, вели девојката.
Во еден момент се чини дека госпоѓата сакала да стане и да ѝ го отстапи местото на помладата девојка, но кога девојката станала, таа останала да седи и ги придвижила нозете до прозорецот.
Патничката што седела зад нив станала бидејќи повеќе не можела да ја гледа сцената и да ја слуша расправијата што се одвивала. Девојката продолжила да се жали кога седнала зад госпоѓата со која се судрила.
„Не се чувствувам добро, едвај стојам, а будалава прави сцена и трча пред мене“, се пожалила таа.
Видеото ги згрози сите, а во коментарите се разви жестока дискусија. Некои заклучија дека не треба да се брза со заклучоците бидејќи не го виделе почетокот на конфликтот.