Пред неполни две децении пејачката Весна Писаровиќ уживаше голема популарност во целиот регион. Нејзините хитови „Да знаш“ и „Сасвим сигурна“ и денес се вртат по радиостаниците.
Македонската публика го памети и дуетот кој го сними со Владо Јаневски за хрватската верзија на евергринот „Љубовта е моја религија“.
Писаровиќ во 2002 година застана и на големата евровизиска сцена и токму кога ѝ се отворија вратите во сите земји на поранешна Југославија, таа одлучи да се повлече.
Пред 14 години се омажи за Озрен Пуповац, син на хрватскиот политичар со српско потекло, Милорад Пуповац, и со него се исели во Германија.
Во Берлин продолжи да се занимава со музика, но се посвети на еден поинаков жанр – џезот.
– Воопшто не жалам за оваа радикална промена. На овие години многу ми е поважно да го работам она што ме исполнува, отколку некому да му се допаднам – изјави во едно постаро интервју Писаровиќ, која во април наполни 45 години