Актерката, модел и водителка Падма Лакшми неодамна на „Instagram“ споделила секси видео на кое позира во црно тесно боди со огромно деколте. Убавата Индијка направила одличен маркетиншки трик, одлучувајќи поради рекламата за долна облека да одговори на зачестените прозивки на социјалните мрежи.
„Па, вие кои ми порачувате да почнам да носам градник, следете ме“, кокетно изговорила Падма Лакшми, најавувајќи соработка со познатиот бренд за долна облека.
Имено, Падма има 53 години, но сепак има беспрекорна фигура на која тешко се наоѓа маана.
Водителката на „Instagram“ додатно споделила и фотографија од снимањето на рекламата, на која позира разголена, односно само во црн градник и гаќички, покриена со бела кошула. На таа фотографија се гледаат нејзините затегнати нозе, а акцентот повторно е на нејзините бујни гради. Не е ни чудо што оваа жена ја следи епитетот „го добила генетскиот џекпот“.
Признала и дека два пати месечно оди на лимфна дренажа.