Таткото на Коста К.(14), осомничен дека вчера во ОУ „Владислав Рибникар“ убил девет лица, меѓу кои ученици и обезбедување, е уапсен.
Репортерите на порталот „Нова.рс“ го снимија моментот кога полицијата го однела таткото од станот во полициска станица.
Како што претходно соопштија од полицијата, делото Коста К. го извршил со пиштолот на неговиот татко.
Според неофицијални информации, кои ги објави министерот за полиција, Братислав Гашиќ, неговиот татко редовно го посетувал стрелиштето, а со себе го земал и синот.
Осомничениот потоа повикал полиција и им кажал што направил.
Како што соопштија на прес-конференција полициски службеници, тој долго време го планирал делото. Во неговиот стан е пронајден и список на луѓе кои планирал да ги убие.
Видеото погледнете го на следниот ЛИНК.