На социјалната мрежа “X” е објавена снимка од грабежот во маркетот во Црниче кој се случи ноќта недела на понеделник.
На видеото се гледа како тројца разбојници и покрај вклучениот аларм, ладнокрвно го влечат сефот од маркетот и со превртување го носат кон црвено возило.
Претходно, разбојниците со црвен автомобил влетале во влезната врата на маркетот, ја скршиле влезната врата и потоа го нашле и украле сефот.
Грабежот се случил во понедлник наутро околу 3 часот. На постот е наведено дека местото на грабежот е на 200 метри од кругот на МВР.
Украден Рептил кој е на 200 метра до МВР.
Спие Панче Тошковски, спие МВРО – ВМРО pic.twitter.com/mjf6IWZIPf
— Пензионерот (@Penzionerot) April 2, 2024