Познатата водителка Снеже Велков која со години ја гледавме на малите екрани, денес е посветена на здравиот начин на живот, работи како пилатес инструкторка, а плови и во инфлуенсерските води. Таа е сопруга и мајка на две деца.

Снеже е една од нашите познати личности која категорично го прекинува трендот на „криење на годините“ како што прават познатите ѕвезди, затоа што истите се само бројка. Таа е горда на своите години, а како не би била кога изгледа подобро од кога било.

Снеже вчера го прослави роденденот, а со своите обожаватели сподели интересен статус:

„Јас сум ви од тие Никад није касно Она што младите го минуваат многу парано, јас малку покасно го растев и развивав.

Кафе почнав да пијам на 30 години. Прв пат ставив прамени на 32. Станав инструктор по пилатес на 33. Точак интензивно почнав да возам на 38. Јаже научив да скокам на 39. Јога прв пат вежбам на 40. Стој на раце направив прв пат на 40 и кусур исто и мост. Што знам може се детски фрустрации може се немало време или се имало страв…

Касно почнав да ги читам тоа мотивационите книги…За емисија за која мечтаев едно 20 години ја имам сега. На 40 и кусур. Кај и да е на 50 треба да запалам прва цигара. А на 60 да пробам џоинт. На 70 најверојатно ќе треба да се пропијам. Ако сум подвижна накај 75 планирам ластик да научам да играм. Оти тапа бев ко мала. На 80 редно е месо да пројадам. За тоа што не сум пораснала во висина нема да збориме. Ќе си купам нови штикли и тоа е се.

А овие 41 на тортава?! Мои се. Од денеска. Ете така. И да не ве слушнам да ми зборувате за тоа како сте закасниле за некои работи“- напиша водителката во инспиративниот пост.