Снежана Лупевска-Созен повеќе нема да ја извршува неформалната функција одговорен уредник на информативната програма на телевизијата Телма, пишува Фактор.
Според сознанијата на Фактор, на оваа позиција доаѓа Марија Дивитарова – Савановиќ, сегашна уредничка на вести во телевизијата.
Информацијата за Фактор ја потврди и главниот и одговорен уредник и директор на телевизија Телма, Атанас Кировски.
Лупевска на својот Фејсбук профил како коментар го објави следниов пост.
„Успешен е оној човек кој умее да постави цврст темел од циглите кои другите ги фрлале на него. Дејвид Бринкли“.