Српски туристи доживале вистински кошмар во Хрватска, откако автобускиот превозник со кои патувале во Пула, ги оставил на цедило.
Според социјалните мрежи, патниците тргнале од Белград до Пула, но дошло до расипување на автобусот. Меѓутоа она што е најтрагично е тоа што со часови останале да чекаат информација дали ќе дојде некој да ги собере и да ги однесе до саканата дестинација. А потоа шок…
Им рекле самите да се снајдат до Пула.
Од друга страна патниците кои следниот ден сакале да патуваат со истата агенција, непосредно пред патувањето им е соопштено дека истото се одложува.
Така, патниците кои останале на улица, биле приморани да собираат 300 евра, за автобусот да ги однесе до саканата дестинација. Најавуваат дека ќе ја бараат правдата на суд. Од компанијата се правдале дека не можеле да најдат заменски автобус, и се извинија за непријатностите, но истакнаа дека дел од нив се решиле на сопствен трошок да заминат во Пула, додека останатите добиле превоз на трошок од компанијата.
Comments are closed.