Мелиса, сопругата на синот на американскиот претседател Џо Бајден,Хантер ужива на плажа во Рио де Жанеиро во машко друштво.
Додека нејзиниот сопруг е под истрага поради наводните даночни прекршоци, 35-годишната Мелиса се опуштила во згодно машко друштво и коктели на плажа, а потоа сите одлучиле да се освежат пливајќи во морето.
Коен го покажала своето завидно тело во црвено бикини, а многу од присутните не го тргнувале погледот од неа.
Мелиса е јужноафриканска активистка, а токму минатата седмица ја посетила заедницата „Orphaned Starfish“ која се занимава со поддршка на луѓето кои се жртви на трговија со луѓе и злоупотреба.
Инаку, таа во 2019 година се венчала за Хантер Бајден, а кружат шпекулации дека парот се запознал само две седмици пред венчавката.
„Веднаш се заљубив во неа“, изјавил Бајден за „ABC News“.
„А, потоа секој нареден ден се вљубував уште повеќе“, заклучил тој.