Додека канадските власти, наводно, објаснија дека пратките од вирусот ебола и хенипавирусот во Кина не се поврзани со појава на коронавирус, еден епидемиолог го опиша развојот како „алармантен“.
Наводно канадските пратка со наведениот вирус е испратена од Националната лабораторија за микробиологија Винипег во Канада на Институтот за вирусологија во Вухан во почетокот на 2019 година. Медиумите зборуваат дека една лаборантка од лабораторијата во Винипег е отстранета од работа заради истрага во која се вели дека таа е очигледно одговорна за извоз на патогенот.
Канадските власти инсистирале дека пратката не е поврзана со избивањето на КОВИД- 19 или истражувањето на пандемијата. Но професорот по право и епидемиолог од Универзитет во Отава, Амир Атаран смета дека овој настан е опасен по живот, нарекувајќо го алармантен.
“Имаме научници кои “RCMP” ги отстрани од највисоките безбедносни лаборатории кои Канада ги има, од причини кои владата не сака да ги обелодени. Таа информација останува тајна. Но тоа што знаеме е дека таа, пред нејзиното отстранување, пред нејзиното отстранување, пратила еден од најсмртоносните вирусот на Земјата и повеќе негови видови за да ја зголеми генетската разноликост и тоа што експертите во Кина би можеле да го направат со тоа, во лабораторија во Кина која изведува опасни функционални експерименти. А сето тоа има врска со кинеската војска”, уверен е Атаран.
Инаку, Кина беше првата земја на светот која се соочи со коронавирусот бидејќи епидемијата со КОВИД-19 за прв пат беше пријавена во провинцијата Хубеи. Во последните месеци Вашингтон постојано го обвинуваше Пекинг дека крие информации поврзани со епидемијата, дополнително обвинувајќи го за ширење на заразата. Кина остро ги демантираше овие обвинувања.