Според податоците од Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти од: Скопје – 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.