Радио водителката на Би-Би-Си, Лиза Шо почина во болница откако имаше згрутчување на крвта по вакцинацијата со АстраЗенека, соопшти нејзиното семејство.
44-годишната Шо, кој беше позната радио-водителка на северо-истокот на Англија и работеше за Би-би-си радио од 2015 година, имаше тешки главоболки една недела по вакцинирањето и тешко се разболе неколку дена подоцна, велат нејзините најблиски во соопштението.
На возрасните кои се под 40-тите години во Велика Британија им се нуди алтернатива на вакцината АстраЗенека, односно друга вакцина каде што е достапна, по извештаите за исклучително ретки згрутчување на крвта со ниски тромбоцити. Во Велика Британија имало 309 случаи од 33 милиони луѓе кои биле вакцинирани со АстраЗенека.
Според Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи на Обединетото Кралство, (МХРА), се смета дека ризикот од тромб поврзан со вакцинацијата е околу еден од 100.000 за луѓето во 40-тите години. Ризикот од смрт кај сите возрасни групи е ставен на околу еден во милион.
МХРА соопшти дека придобивките од вакцината продолжуваат да ги надминуваат ризиците од корона вирусот за повеќето луѓе. Не е докажано дека вакцината предизвикува згрутчување, но оттаму соопштија дека поврзаноста станува се поцврста.
Шо претходно работеше во комерцијално радио и беше добитник на награда „Sony Gold“ во 2012 година за утринската емисијата што ја водеше на Real radio со Гери Филипсон.
Рик Мартин, вршител на должноста извршен уредник на BBC Radio Newcastle, изјави:
„Сите во Би-Би-Си се погодени од смртта на Лиза. Таа беше лојална колешка, брилијантен водител, прекрасна пријателка и сакана сопруга и мајка. Таа сакаше да биде на радио и беше сакана од нашата публика. Изгубивме некој посебен што им значеше многу на многу луѓе “.