Сметка од црногорското крајбрежје која повторно го налути регионот: Пиво 500 денари, вода над 250…

by Тони Зографски

Фејсбук страницата Podgorički.info предизвика вистинска бура од коментари објавувајќи сметка од познат ресторан во Будва.

Сметката покажува, меѓу другото, дека пивото чинело 9 евра, пицата каприс 22 евра, додека шише минерална вода чинела 5 евра.

Дополнително, гостите платиле дополнителен „трошок за услуга“ од 12,17 евра, што го зголемило вкупниот износ на сметката за неколку пијалоци, две пици и чинија со овошје на 133,87 евра.

Сметката била фотографирана во ресторан за време на минатата летна сезона.

Во динари, би изгледало вака (концертирано во денари – половина од вредноста на динарот):

Пиво – околу 1.055 динари;
Минерална вода 0,75 л – околу 585 динари;
Американо кафе – околу 433 динари;
Кока-кола зеро 0,33 л – околу 410 динари;
Кока-кола 0,33 л – околу 410 динари;
„Дојч“ кафе – околу 387 динари;
Пица каприс – околу 2.575 динари;
Чинија со овошје – околу 1.755 динари;
Вода 0,75 л – околу 585 динари.

останати вести