Новинарката Моника Талеска од Прилеп, која е поддржувач на СДСМ и работеше со претходниот градоначалник на тоj град, се огласи во јавноста со став дека на партијата и се неопходни промени на сите нивоа.
На својот Фејсбук профил таа напиша дека СДСМ треба целосно да се дефрагментира!
„На површина да дојдат кадри со знаење и вредносен систем, но реален, не декларативен! Неопходни се промени на сите нивоа! Стоп за вработувањата по партиски клуч со роднински и пријателски префикс!
Некои од нас борејќи се за вредности во системот, скапо ја платија битката низ годините, (уште кога вие бевте деца) поради идеалите и вербата дека во општеството сепак има вредности! Факт е дека има САМО лукративни интереси!
Не смееме да дозволиме како граѓани да бидеме нечија гласачка машина, додека една самонаречена елита си ги остварува своите лични или интереси на гилда!
Доволно правевме рејтинзи на други, губејќи го својот интегритет и идентитет!
Конкретно Прилеп, има толку квалитетни кадри и млади и возрасни кои никогаш поради културата, поради скрупулите, нивото, поради се што е човечка доблест, не се наметнале туку им биле инструмент на оние кои се покажаа целосно неспособни да се дадат за заедницата, па се даваа само за себе!
Време е прилепските реално квалитетни кадри, да дојдат на површина!
И доста се критики за опозицијата!
Прилеп изгуби! Но, не од опозицијата! Од фактот што лукративната „елита“ си ги остваруваше исклучиво своите интереси и цели, не водејќи сметка за другите!
Никој не смее и натму до дозволи да биде толку наивен и натаму да им прави пат на истите, кои обземени од егоизам, еготизам и самобендисаност, заборавија на обичните граѓани! Го апстрахираа целосно она што е реален интерес на заедницата, обземени од мислата дека додека имаат политичка моќ се врв на градот! Никогаш не биле! Оти врв се станува со знаење, со општествен влог, со култура и почит за сите членови, за ветераните кои ја создале партијата, кои многу направиле низ децениите за градот и државата, со почит за сите граѓани на Прилеп, без оглед од која провиниенција доаѓаат!
Не смее да се дозволи, поумниот, почесниот да молчи пред оној што е неспоредливо интелектуално послаб, пред оној што само себе си се велича, пред оној што само својот личен интерес си го гледа! Не смее да се дозволи да се биде политички инструменти на поединци кои ама баш ништо не направиле за заедницата, кои немаат никаков личен печат за градот!
Не може и не смее никој да ни забрани да ги почитуваме отворено делата на нашите предци! Нашата историја, нашето минато! Не смее никој во Прилеп, да ни каже дека нашите предци не се бореле против фашистите од Бугарија!
Први требаше гласот да го кренат таканаречените репрезенти на партијата која некогаш ги негуваше традициите на партизаните од НОБ! Но, што се случи? Сите главата долу! Зошто?
И сега, кога по неколку изборни кругови Прилеп бележи пропаст, а граѓаните покажуваат дека СДСМ не е нивен избор, што треба?! СМЕНА!!! Не да продолжат кулоарските местенки, гласишта! Туку отворено да им се испорача сметката на оние, кои си ги штитеа своите интереси! На оние кои не креваа телефон, кога се бараа решенија за обичните граѓани! На оние кои се вивнаа високо во облаци, во илузијата дека се некаква невидена елита, па си обезбедија свои членства во вакви и такви УО и високи надоместоци, додека обичните луге се бореа да преживеат! Неопходна е реална политичка смена! Оставка на раководството! Зашто тоа е доблест на еден политичар! Да си заминеш по поразот! Да имаш достоинство да се соочиш со поразот! Но и да се присетиш, како си се однесувал кога на болните, бедните им требаше помош, а ти се однесуваше како да си недопирлив! Никој не е недопирлив! Овде нема потомци на кралицата Елизабета! Силата и моќта ја црпите од народот! И затоа е време да се вратите таму кај што ви е местото!
На градот му требаат квалитетни, чесни и НОВИ кадри!
Прилеп е град на херои, на борци, на револуционери!
Прилеп не смее да биде град на покорници на една мала група, која со години ја држи партијата заробена, а народот во илузија дека нешто се прави во интерес на граѓаните!
Од хипокризија ни е преку глава! Некогаш мислев дека мојата перцепција е нереална! Но, народот ми потврди, а вам ви покажа дека не ви е местото, таму каде што сте се уште!
Господа, повелете со оставките! Зачувајте го достоинството барем, ако ја изгубивте за на век вербата кај граѓаните!“, пишува Моника Талеска во својата Фејсбук објава.