На автопатот Гостивар-Тетово се случила сообраќајна несреќа во која еден автомобил е забиен во банкината.
На Ѕидот на сообраќајниот срам на Фејсбук, возач објави фотографија од сообраќајката со предупредување до другите учесници во сообраќајот да бидат внимателни.
Во моментот сѐ уште нема информации дали има повредени.
Пред два дена на истиот автопат, кај наплатната рампа се случи уште една сообраќајка во која загина 51-годишна жена од Кичево, а тројца патници беа повредени.