Словенечкиот инфектолог Андреј Трампуж, кој работи во берлинската клиника „Шарити“ во разговор за Словенечката телевизија вели дека поради опасноста од ширење на новите соеви на корона вирус време е за заострување, а не за попуштање на епидемиолошките мерки.
Во прилог врзан за појавата на јужноафриканската верзија на вирусот во австриски Тирол, тој за РТВ Словенија вели дека таа е опасна затоа што некои сегашни вакцини против тој сој нема да бидат ефикасни.
„Се надевам дека и во Словенија ќе се заострат мерките затоа што новите верзии на корона вирусот брзо се шират“, вели тој, додавајќи дека политичарите не би смееле да даваат лажна надеж дека моменталниот пад на бројот на новозаразени е доволна причина за укинување на некои рестрикции.
„Што побрзо тоа го кажеме, тоа подобро“, рече Трампуж, додавајќи дека вакцината на „АстраЗенека“ веројатно нема доволно да штити пред новата појава на соеви кои може да предизвикаат трет бран, ако не се делува како што треба.
Според него, новиот бран посебно може да ја погоди помладата популација.