Поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ е закопан без мозок – откри Кристијан Шартије за британскиот БиБиСи. Тој во времето на смртта на Милошевиќ бил официјален портпарол на Трибуналот.
-Се сеќавам дека мртвото тело на Милошевиќ во март во 2006 година беше вратено во Србија без мозок. Не знам што било потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови, или пак останал во Институтот или е уништен, изјавил Шартије.
Адвокатот Тома Фила целосно ја отфрла можноста дека мозокот на Милошевиќ останал на Институтот за форензика во Холандија.
– Тоа се глупости. Во Белград исто така е направена обдукција и нема основ дека тоа е точно. Да се испрати човек без мозок, па зарем во сериозна држава би се случило телото на поранешниот претседател стигне без глава или мозок и тоа така да помине – вели Фила.
Инаку. телото на Слободан Милошевиќ кое веќе 12 години почива на гробиштата во неговиот роден град Пожаревац, по аутопсијата во затворен ковчег му било предадено на неговиот син Марко, кој долетал од Москва за да го преземе. Според БиБиСи во тоа време се појавиле и теории дека смртта на Милошевиќ е лажирана и дека тој тајно бил пренесен во Москва,а во Србија бил испратен празен ковчег.