Вработените во болницата „Синај грејс“ во Детроит не успеваат починатите од корона вирусот достојно да ги сместат во соодветни простории, па нивните тела ги оставаат во бели вреќи наредени едни над други во гаражата, во ладилник на болничкиот паркинг, во просториите на лекарите, дури и во собите за одмор на лекарите и на медицинскиот персонал наменети за дежурства.
Двајца работници од итната служба потврдуваат дека фотографиите се точен приказ на сцените кои се случуваат во болницата на почетокот на април, во текот на една смена од 12 часа која ја опишуваат како ужасна.
Работници од Ургентната служба разговарале со Си Ен Ен под услов за останат анонимни, поради загриженоста за своите работни места.
„Се што знам е дека немаме доволно кревети за своите пациенти па на нив не можеме да ги оставаме телата на починатите“, вели работникот од Ургентното, кој бил сведок на собата со трупови.
На фотографиите се две тела ставени на кревет, едно покрај друго, а другото тело е ставено во столица покрај креветот. Сите три тела се во бели кеси.