На прашањето „Која е најубавата жена на светот“, повеќето Европејци без размислување ќе кажат дека е Моника Белучи, а дека оваа титула дефинитивно е заслужена, славната Италијанка го докажува тоа веќе со децении.
Во ерата на „пластичната“, вештачка убавина, Моника остана верна на природниот изглед, решена да старее достоинствено и без излишни естетски корекции. Денес се чини дека сме преплавени од прекрасни жени, повеќе од порано, меѓутоа тажно е што неретко наликуваат едни на други, заборавајќи ја автентичноста како најголема вредност.
Но, Белучи отсекогаш била само своја, а во почетокот на 90-те години кога нејзината кариера започнуваше, навистина важеше за вонсериска убавица и тоа без никакви зафати или посебно „дотерување“.
Деновиве на социјалните мрежи кружат сцени од нејзиниот прв филм „The Raffle“, снимен во 1991 година, кои подобро од сè покажуваат колку оваа дама ја краси раскошна, природна убавина.
Познатата Италијанка тогаш имала 27 години и само што запловила во светот на кинематографијата – пред тоа се занимавала со моделинг. Инаку во овој филм Белучи во една сцена се појавува во провокативна долна облека од црна чипка и подвезици.
Ова е една од ретките ситуации кога Моника ја покажала својата магија, со оглед на тоа што во годините кои следеа стана „поскромна“ со својот шарм, па публиката немаше прилика да ја види ниту во бикини.