Слеп новинар се одбрани од разбојник кој се обидел да му го украде мобилниот (ФОТО)

by Тони Зографски

Слеп новинар на „BBC“ успеал денеска во Лондон во раните утрински часови да го фати разбојникот кој му украл мобилниот телефон. Шон Дили притоа се здобил со неколку исекотини и го повредил лактот, а во време на инцидентот бил на пауза во текот на ноќна смена.

Почувствувал дека крадецот е покрај него и успеал да скокне над него и да го фати за раце.

Човек на велосипед му го украл телефонот пред „New Broadcasting House“ на „BBC“. Дили почувствувал дека крадецот е покрај него и успеал да скокне кон него и да го фати за рацете посегнувајќи по „ајфонот“ и повикал полиција користејќи гласовен асистент.

Image

Додека ја чекал полицијата, пристигнало уште едно лице и понудило помош. Длили, менаџер на проектот на програмата на „BBC“ за лица со инвалидитет, на Твитер напишал: „Човек на велосипед се обиде да го украде мојот мобилен телефон, погрешно слепо лице, погрешен ден“.

„Скокнав на него, го задржав и го вратив телефонот … Многу исекотини и модринки, но твитував на својот телефон (и закрепнав)“. Дили своите постапки ги опишал како глупави и ги советувал оние во слична ситуација да повикаат полиција.

останати вести