Слеп новинар на „BBC“ успеал денеска во Лондон во раните утрински часови да го фати разбојникот кој му украл мобилниот телефон. Шон Дили притоа се здобил со неколку исекотини и го повредил лактот, а во време на инцидентот бил на пауза во текот на ноќна смена.
Човек на велосипед му го украл телефонот пред „New Broadcasting House“ на „BBC“. Дили почувствувал дека крадецот е покрај него и успеал да скокне кон него и да го фати за рацете посегнувајќи по „ајфонот“ и повикал полиција користејќи гласовен асистент.
Додека ја чекал полицијата, пристигнало уште едно лице и понудило помош. Длили, менаџер на проектот на програмата на „BBC“ за лица со инвалидитет, на Твитер напишал: „Човек на велосипед се обиде да го украде мојот мобилен телефон, погрешно слепо лице, погрешен ден“.
„Скокнав на него, го задржав и го вратив телефонот … Многу исекотини и модринки, но твитував на својот телефон (и закрепнав)“. Дили своите постапки ги опишал како глупави и ги советувал оние во слична ситуација да повикаат полиција.