Ова не значи автоматска депортација бидејќи тимот на српскиот тенисер има право на жалба, но прашање е дали може да се смени нешто во последен момент.
„Го искористив своето овластување од Законот за имиграција да ја поништам визата што ја имаше Ѓоковиќ. Од причини за здравството и добриот ред, се во јавен интерес“, изјави, меѓу другото, Хок.
Австралијан Опен почнува в недела по полноќ по средноевропско време. Адвокатите на Ѓоковиќ веќе имаат подготвена жалба на оваа одлука.