Деканот на Националното училиште за тропска медицина при Медицинскиот факултет Бејлор, Питер Хотс, предупреди дека следните четири до пет месеци би можеле да бидат најлоши за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи повеќе од половина од американските држави пријавуваат зголемување на нови случаи.
„Клучот е во следните месеци, кога ќе влеземе во можеби најлошиот период за време на оваа епидемија. Колку и да беше лошо, наскоро ќе стане полошо“, изјави Хотс за Си-Ен-Ен. Тој препорачува создавање на „единици“ со пријателите или членовите на семејството во следните неколку месеци.
Потрудете се да не сте сами за тоа време и размислете да имате пристап до советување за ментално здравје, додаде Хотс.
„Луѓето ќе се чувствуваат напуштено; ќе се чувствуваат осамени“, рече тој, додавајќи дека тоа ќе биде едно од најтемните поглавја во модерната американска историја.
„Подгответе се за тоа, но запомнете дека ќе биде подобро“, нагласи Хотс.