Вардар ја победи екипата на Кјелце со 28:27 и на најубав начин се одмазди за поразот во Полска , но она што е уште позначајно е фактот дека со овие бодови црвено-црните ја приграбија втората позиција во групата А од Лигата на шампионите. Важноста на натпреварот го стори своето, па вардарци граа со многу осцилации, водеа на моменти и со пет голови разлика, за на крајот заедно со преполната сала „Јане Сандански“ да треперат дали ќе издржи домашниот бедем.
Криштопанс со пет и Скубе со четири гола беа најефикасни во составот на Вардар. Кај Кјелце прв стрелец со пет гола беше Алекс Душебаев.
По ова коло следува пауза во Лигата на шампионите и периодот резервиран за репрезентативните настапи на СП 2019 во јануари. Натпреварите од групната фаза во ЛШ продолжуваат во февруари, а во првиот дуел по паузата Вардар ќе му гостува на Рајн Некар Левен.