Белгиска компанија која произведува чоколадо и која пред една година им стави бели маски на велигденските зајачиња, сега произведува големи шприцеви исполнети со чоколадо, обидувајќи се да се прилагоди на моменталниот момент диктиран од пандемијата.
Додека Белгија ја засилува кампањата за вакцинација против COVID-19, специјалниот слаткар Кокоатри ги рекламира природните придобивки од чоколадото како своевидна „вакцина“ против одредени болести.
-Тоа е симбол на надеж и затоа решив да создадам (чоколадна) вакцина – рече основачот на компанијата Жевиев Трепан.
Кокоатри, со седиште во Лонзи, село околу 45 километри јужно од Брисел, ги нарече своите шприцови од чоколадо „L’Atca Azteca“, што е комбинација од звук на кивање и древни потрошувачи на ацтечко чоколадо.
-Чоколадната вакцина има огромен број позитивни ефекти – додаде Трепан и објасни: Тоа е антидепресив. Има магнезиум. Чоколадото има многу предности, како што знаат луѓето, и пред сè го зајакнува моралот на војниците.