Министерката за одбрана Славјанка Петровска сè уште е под импресии од дочекот што ѝ го приредија нејзините британски домаќини при неодамнешната посета на Лондон.
Ова особено од гестот на британскиот воен оркестар кој во нејзина чест ја отсвири познатата македонска песна „Јовано, Јованке“.
Неколку дена пред патувањето ме прашаа која ми е омилена песна.
Јас им одговорив „Јовано, Јованке“, но не знаев дека на таков начин ќе ме пречекаат.
Таа се надоврза на британската амбасада дека националната химна на една земја се интонира при посета на претседател или премиер на држава, по реакциите во јавноста зошто во Лондон била пречекана со песна наместо со „Денес над Македонија се раѓа…“ .