Моментално едни од најуспешните светски манекенки, Кендел Џенер, Бела Хадид, Емили Ратајковски и Хејли Болдвин се дел од добро организираната измама чија штета се брои во милиони долари и наскоро може да се најдат пред суд.
Имено, тие биле ангажирани да го промовираат “Fyre Festivala” во организацијата на претприемачот Били Мекфарланд, кој ги измамил инвеститорите за неверојатни 26 милиони долари, а дел од тие пари се потрошени за нивни хонорари. Во целата приказна е вклучен и раперот Ја Руле, наводно, како партнер, но не е познато дали тој самиот е жртва на измамата, пишува Дневник.хр.
Кендел, Бела, Емили и Хејли го прекршиле федералниот закон на САД, бидејќи при рекламирањето на социјалните мрежи не нагласиле дека се работи за платен оглас. Наводно, тоа само една од нив го сторил.
Инаку, иако сите влезници се продале за два дена, фестивалот на Бахамите не се одржал. Претприемачот Били Мекфарланд моментално е на издржување на шестгодишна затворска казна поради мултимилионска измама.