Познатите сестри Кендал и Кајли Џенер се обвинети дека од компанијата “Klauber Brothers” го украле чипканиот дизајн на тангите што ги продаваат. Компанијата сега ги тужи за повреда на авторските права.
Оваа компанија основана во 1858 година во Германија, открила дека сестрите Џенер го украле дизајнот на нивната чипка, на тангите (“Kylie Thong Panties”) и на слип гаќичките што го прадаваат праку заедничкиот бренд Кандал и Кајли. Имено, за тангите сестрите го искористиле дводимензионалниот чипкан дизајн, додека кај слип гаќичките е направен плагијат на нивната оргинална мустра.
Според судските документи германската компанија од Кајли и Кендал го бара целиот профит од продажбата на овие две парчиња долно облека од нивната линија.
Инаку, Кајли Џенер е најмладата милијардерка на светот.
https://www.instagram.com/p/B6CEhhZHS_7/?utm_source=ig_web_button_share_sheet