Глумецот Хоакин Феникс по серијата признанија за неговата улога како Џокер во истоимениот филм , тој сега ја доби и наградата за најдобар актер од Американската асоцијација на филмски актери . 40-годишниот актер веднаш по церемонијата на доделување на наградите замина на настан што се чинеше дека му значи многу повеќе. Тој се приклучи на групата позната како „ Los Angeles Animal Save “ пред кланица, пренесува Унилад.
Хоакин и неговите пријатели дојдоа пред кланицата за да ги утешат животните подготвени да бидат заклани и да протестираат против бруталното постапување со животните.
„Повеќето луѓе не се ни запознаени со теророт и колењето во индустријата за месо и млечни производи. Сцените на среќни животни на фарма што ни ги прикажуваат на пакувањата со месо и во рестораните, сето тоа е лага “, рече Феникс.
Феникс е познато дека е вегетан веќе четири децении и не е изненадувачко неговото присуство на ова бдение заедно со активистите за правата на животните.
„Луѓето треба да ја дознаат вистината и наша обврска е да ја откриеме. Ние, кои бевме сведоци на вистинската состојба на нештата, ние имаме должност да ја откриеме. Затоа сум тука“, изјави Феникс.
https://www.instagram.com/p/B7h5lA6pRVa/?utm_source=ig_web_button_share_sheet