Кога е во прашање фронтменот на Аеросмит, Стивен Тејлор тогаш се е можно. Пред некоја година призна дека има хепатитис Ц , дека има потрошено 2 милиони долари на дрога, а си има и девојка 40 години помладата од него. Таткото на прекрасната актерка Лив Тајлер на 70 години за девојка ја има 30-годишната Еми Престон.
На црвениот тепих, на доделувањата на наградите во Лос Анџелес тој се однесувал како заљубено детенце. Не ги симнал рацете од Еми и им позирал на фотографите. Тој бел облечен во рокерски фазон, додека неговата девојка била во златен комбинизон. Инаку, Еми Престон претходно му била негова лична астистентка.