Популарниот американски ТВ водител Џеј Лено минатата недела поднел барање за старателство над неговата сопруга Мејвис Лено.
Лено поднел барање за старателство бидејќи на Мејвис ѝ била дијагностицирана Алцхајмерова болест, пишува „Page Six“. Дијагнозата е основа за барањето за конзерваторство, вели изворот. Не е јасно кога Мејвис дознала за дијагнозата, но сослушувањето ќе се одржи на 9-ти април.
Поранешниот водител на „The Tonight Show“ кратко ја запознал Мејвис во 70-те по настап во популарниот комичарски клуб „Comedy Store“ во Лос Анџелес. Наредната недела тие официјално се запознале преку заеднички пријатели, а останатото е историја. Парот се венчаше во 1980 година, и покрај тоа што Џеј тврдеше дека „не е многу добар во врските“. Тој ѝ го променил погледот на Мејвис за бракот.
„Отсекогаш имав идеја дека никогаш нема да се омажам… Но, со Џеј, почнав да сфаќам дека ова е првпат да бидам со некој за кого имав совршено, мирно чувство дека сум стигнала на својата дестинација“, се присетила таа. Парот никогаш немал деца, за што Мејвис презелa „целосна заслуга“.
„Се сеќавам дека ѝ кажав на мајка ми кога имав 7 или 8 години дека никогаш нема да се омажам или да имам деца. За мене тоа е начин на кој жените стануваат заробени“, изјави таа за „Washington Post“ во 2014 година.
Мејвис беше покрај Џеј кога се врати на сцената во ноември 2022 година, откако се здоби со изгореници од трет степен на лицето и рацете како резултат на експлозија на автомобил. Тој подоцна се пошегува дека неговото „целосно ново лице е подобро од она што беше порано“.