Мет Дејмон и натаму е заљубен до уши во својата сопруга Лусијана Барозо. Брачниот пар од вкупно 18 години заедно имал еден ден исполнет со јавно искажување љубов во текот на престојувањето на плажата Парага во Миконос, Грција.
Оваа феноменална плажа била совршено место за парот да ужива во заедничките моменти.
Додека парот се ладел во водата, Дејмон (52) бил забележан како ја бакнува својата сопруга во стомакот додека таа ги ставила нејзините раце на неговите раменици. Потоа го кренал погледот и ѝ се насмевнал на Лусијана (46).
Дејмон и неговата сопруга се на одмор во ова грчко летувалиште од крајот на јуни, а им се придружиле и некои од нивните познати пријатели, како Крис и Лијам Хемсфорт.
Актерот забележливо уживал во својот одмор додека танцувал како каубој, додека браќата Хемсфорт гледале и се смееле. Исто така тие биле забележани и како пушат цигари и се фотографираат со пријателите во текот на забавата.
Во јануари 2018 година сопругата на Крис, Елса Патаки, за магазинот „People“ изјавила дека нивното семејство навистина е блиско со семејството Дејмон и дека често уживаат да патуваат заедно кога можат.
„Крис беше голем обожавател на Мет Дејмон, јас исто така, а потоа кога ја запознав неговата сопруга нејзе повеќе ја засакав. Тие се толку неверојатни луѓе. Ние имаме три деца, тие четири деца, така што на крај направивме заеднички планови затоа што сѐ правиме со своите деца, полесно е да ги извршувате работите со луѓето кои ве разбираат“.
Дејмон и Барозо прославиле 20-годишнина од кога првпат се запознале. Нивната љубовна приказна започнала кога Дејмон влегол во бар во којшто Лусијана работела во 2003 година и искрите меѓу нив се појавиле веднаш.
Парот се венчал две години подоцна на приватна церемонија во Њујорк и сега заедно ги имаат ќерките Изабела, Гија и Стела. Лусијана исто така има и постара ќерка Алексија од претходната врска.