Бред Пит е еден од ретките кој има храброст да носи одела во светли бои, додека од неодамна се почесто се појавува во необични модни комбинации.
Сепак, овој пат доби конкуренција, откако Пирс Броснан се појави во розово одело и со тој потег покажа голема самодоверба.
Имено, прославениот агент 007 моментално е на турнеја чија цел е промоција на најновиот филм – „Black Adam“. Броснан се појави во Лондон со познатата екипа, предводена од Двејн Џонсон.
Актерот покажа дека има голема самодоверба, а дека розовата боја му прилега одлично и на посилниот пол.
Јавноста со воодушевување го коментира неговото модно издание на социјалните мрежи и велат дека никогаш не изгледал подобро.
Розовото одело одлично се вклопило со белата кошула која направила контраст, а целата комбинација ја зачинил со кафени чевли од превртена кожа. Очилата со кафени стакла се доказ дека актерот се грижи за деталите, а од накит на себе носел и интересен прстен.