Папараците, на улиците на Њујорк го „уловиле“ актерот Бредли Купер додека шетал со својата ќерка Леа, а холивудската ѕвезда имала значително поинаков, многу необичен имиџ.
Имено, славниот 49-годишник ја променил фризурата, но и ја обликувал брадата, а иако овие две промени се мали, многу влијаеле на тоа како изгледа.
Имено, Бредли Купер се прошетал во друштво на својата 7-годишна ќерка во лежерна комбинација – фармерки, црна кошула со кратки ракави и сиви патики, како и со модерни очила за сонце, но токму неговата чудна брада била она што го привлекло вниманието на сите.
Актерот целосно го избричил делот под долната усна, додека остатокот од лицето, односно во пределот на образите и мустаќите го имал вообичаениот стил на брада.
Ова му дало малку бизарен и секако впечатлив изглед, а ваква брада имаше ликот на Вулверин во истоимениот филм, кој своевремено го портретирал Хју Џекмен.
Бредли имал малку поинаква фризура во споредба со онаа каква генерално ја носи; косата му е сè уште разбушавена, но ја поделил на средина, што исто така придонело за неговиот чуден изглед.
Не е познато дали Купер оваа неконвенционална брада ја носи поради некоја улога или едноставно одлучил да експериментира, но познато е дека моментално работи на филмот „Is This Thing On“, како актер и режисер.
„Имаме прашања“, „Необична брада“. „Што, по ѓаволите?“, Дали некој му кажал дека изгледа како кретен?“, се само дел од бројните коментари на „Twitter“ по повод новиот изглед на Купер.
Да потсетиме, овие недели згодниот ерген често е тема на таблоидите ширум светот, поради неговата романса со манекенката Џиџи Хадид. Иако парот никогаш јавно не ја обелоденил својата романса, тие неретко можат да се видат заедно, а американските медиуми пишуваат дека се заедно од крајот на 2023 година.
Неодамна, како што пренесува „Page Six“, биле забележани во познат њујоршки ресторан на вечера со неколку пријатели, а цело време разменувале нежни допири и бакнежи.
Купер претходно со години беше во врска со Ирина Шајк, со која ја добил ќерката Леа, а парот се разделил во 2019 година.