Љубовната приказна на Лиам Нисон и Наташа Ричардсон е и прекрасна и трагична. Актерот во едно неодамнешно интервју зборуваше за својата трагично настрадана сопруга и не се помирува со нејзината смрт и ден денес.
Познатите актери се запознале во 1993 година на Бродвеј. Наташа Ричардсон тогаш беше во брак со Роберт Фокс, додека Лиам Нисон имаше репутација на миленик на жените. Кога завршиле со работата на претставата „Ана Кристи“, тој заминал во Полска за улогата во познатата „Шиндлерова листа“.
„Ме престигнуваш. Многу љубов од мене. Оскар“, напишал тој на нејзината честитка занејзиниот 30-ти роденден.
Оскар е името на неговиот лик во споменатиот филм на Стивен Спилберг, а ова „Ме престигнуваш“ било неговата духовита забелешка на нејзиниот роденден и фактот дека тој беше 11 години постар од неа.
„Дали пријател ми ја праќа пораката или…? Сакам да знам каков е статусот на нашата врска?“, таа беше директна актерка, што го освои Нисон, кој подоцна призна дека на во тој миг се вљубил во неа.
Наташа се разведе од Ричард Фокс во 1992 година, а две години подоцна се омажи за Нисон. Таа имала посебно изненадување на свадбата.
„Одела на часови по пеење без јас да знам. Под крошната, по церемонијата и пред да одиме на забавата, го зеде микрофонот и почна да пее песна за мене“, раскажал во една прилика актерот.
Таа конкретна песна била „Crazy love“ на Ван Морисон.
Тие беа во брак 17 години, кога во 2009 година таа заминала на скијање во Квебек, Канада. Најмила инструктор бидејќи сакала да ја совлада оваа дисциплина. Потоа доживеала страшна несреќа, каде паднала и удрила со глава на патеката. Таа не носела заштитен шлем, па повредата била фатална. Пукаа крвните садови во мозокот, а актерката падна во кома.
Најтешката одлука
„Среќо, паднав во снегот“, успеала да му каже на својот сопруг пред да биде однесена во болница. Лекарите му рекле на Нисон дека нема надеж за неговата сопруга.
„Љубов моја, за жал повеќе нема да се разбудиш. Ударот во главата беше премногу силен. Не знам дали ме слушаш, но треба да ти го кажам сето ова. Се враќаш во Њујорк и ќе дојдат сите твои пријатели и семејството“, ѝ рекол Лиам, кој тешко се помирувал со фактот дека доаѓа крајот.
Тој го испочитувал нивниот договор дека ако еден од нив заврши на апарати, другиот ќе донесе одлука да ги исклучи . Органите на Наташа беа донирани. Актерката имаше 45 години кога почина.
Слично сценарио Нисон доживеал во филмот „Actually Love“ од 2003 година, а по смртта на сопругата се борел со алкохолизмот.
„Никогаш не се помирив со нејзината смрт и никогаш нема да се помирам. Понекогаш кога ќе ја слушнам вратата како се отвора, мислам дека ќе се појави и ќе каже нешто“, изјавил Нисон за „60 минути“.
Лијам Нисон ги има синовите Даниел и Мајкл во бракот со Наташа Ричардсон, која се бореше со депресија и пороци поради кои беше на рехабилитација.
Поради Наташа, тој одби да игра во филмот за Џејмс Бонд