Со оваа објава таа ги повика и останатите спортистки да го споделат своето искуство, поттикнувајќи движење под хаштагот #metooskating.
„Никогаш нема да го заборавам тој натпревар. Сè изгледаше нормално, но потоа сè се промени. Бев сексуално нападната од друг спортист. Тој момент го замрзна времето и го замолкна мојот глас. Недели молчев, затворена во самотија“, објави Мазингу.
Иако не го откри идентитетот на напаѓачот, таа изјави дека не се работи за нејзиниот партнер на мразот, Евгени Гајдајенко, со кого лани завршија на седмото место на натпреварот „Златна Пируета“ во Загреб. Деновиве, пак, во САД беше суспендиран рускиот лизгач Иван Десјатов, кој настапува под американско знаме, поради недолично однесување. Иако првично се шпекулираше за малолетничка, руските медиуми известуваат дека наводната жртва е токму Мазингу и дека инцидентот се случил во хрватската престолнина, каде што Десјатов настапувал со својата сопруга и партнерка Изабела Флорес.
Според рускиот „Спорт експрес“, на Десјатов му се заканува долга суспензија, но и затворска казна.