Славната пејачка ги покажа неизбричените нозе во Венеција (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачката Фиби Бриџерс дебитирала на Венецискиот филмски фестивал, а нејзиното појавување во саботата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Бриџерс пристигнала во Венеција поради промоцијата на својот нов филм „Primetime“, во кој толкува една од улогите.

Оваа 32-годишна музичарка учествувала на прес-конференцијата и присуствувала на премиерата на филмот на црвениот килим. За премиерата решила да облече проѕирен фустан од Александар Меквин, додека на фотографирањето за медиумите се појавила во костум со здолниште од „Гучи“. Токму второто појавување привлече најголемо внимание бидејќи пејачката не ги избричила нозете.

Фотографиите брзо се проширија на социјалните мрежи, а многу обожаватели ја пофалија поради одлуката да го покаже својот природен изглед. „Би можела да заплачам. Првпат ја гледам мојата омилена уметница во женствена облека со влакна на нозете, како тоа да е најнормалната работа на светот, а така и треба да биде. Фиби Бриџерс, не знаеш колку многу ми значи ова“, напиша една корисничка на платформата Икс.

И други се надоврзаа со слични коментари. „Фиби Бриџерс, можеби погрешно сум те проценила. Дури ни многу жени кои отворено се декларираат како лезбијки не се појавуваат со неизбричени нозе“, напиша друга корисничка.

„Фиби е единствената позната личност која истрајува во ставот дека нозете не мора да се бричат… токму тоа нѝ е потребно“, гласи коментарот на трета обожавателка.

Иако жените кои во јавноста се појавуваат со влакна на телото понекогаш се соочуваат со критики, сè повеќе познати личности се одлучуваат за природен изглед. Еден од најпознатите такви примери се случил уште во 1999 година, кога Џулија Робертс на лондонската премиера на филмот „Notting Hill“ се појавила со неизбричени пазуви.

„Мавтав кон публиката и тогаш сите ги забележаа влакната под моите пазуви. Настана скандал“, се присетила актерката години подоцна во интервју за „Вог“.

останати вести