Популарната актерка Ребел Вилсон (42) реши веднаш да стави крај на гласините за нејзиниот љубовен живот и пред медиумите да го објават, ја извести јавноста дека има нова девојка Рамон Цитрус.
Само неколку часа подоцна, колумнистот на Sydney Morning Herald, Ендрју Хорнери, ја коментираше нејзината одлука да ја објави оваа вест, тврдејќи дека тој дознал за врската и требало да биде првиот што ќе ја објави приказната за неа.
Планирал да ја објави како „излегува од плакарот“, па се пожалил дека таа му ја „украла“ приказната.
– Ви благодарам за вашите коментари, тоа беше многу тешка ситуација, но се обидувам да ја решам на најдобар можен начин – коментираше Вилсон на Твитер.
„Значи, очигледно не беше изборот на Ребел Вилсон да излезе во јавноста со тие информации. SMH / the Age призна дека два дена претходно ја предупредиле.
Холивудската актерка веста ја сподели на Инстаграм со своите фанови, а парот е во врска шест месеци.дека ќе ја исфрли приказната. Што е уште полошо, во ова се вмешани мажи од Сиднеј Морнинг Хералд кои се отворено геј, напиша Кејт Доак од Канал 10 на Твитер.
„Мислев дека барам принц од Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцезата на Дизни“, напиша таа во описот на објавата, која ги воодушеви нејзините фанови.