Џенифер Кулиџ, ѕвезда на филмот „Американска пита“ која го носи епитетот „оригинална MILF“, признала дека имала бројни интимни односи по филмската сензација од 1999 година.
Филмот „Американска пита“ ѝ донесе голема популарност на Кулиџ, а таа вели дека благодарение на култната улога на мајката на Стифлер, која го заведува, а потоа и спие со другар на својот син, имала сексуални односи со 200 мажи, а најчесто понудените улоги биле поврзани со секси мајки, како онаа која ја имаше во легендарното остварување.
Актерката додала и дека пред снимањето на серијата „The White Lotus“ на „HBO“ била многу незадоволна од својот изглед бидејќи добила неколку килограми вишок во текот на карантинот.
„Не ми се допаѓаше како изгледам, иако Мајк Вајт (режисерот на серијата) ја напишал улогата специјално за мене. Не знаевме дека ќе биде хит. За малку ќе ја пропуштев приликата само затоа што бев убедена дека не изгледам како што треба“, вели Џенифер.