Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка го прославија првиот роденден на синот Дарен кој беше облечен како мал рокер, со маичка со натписот на „Ролинг стоунс“ како и неизбежните старки.
На роденденската забава присуствуваа многу пријатели и роднини меѓу кои сестра ѝ на Тамара, Тијана.
Се дуваше и роденденска свеќа на тортата која беше декорирана со животни.