Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов
Марсел Хиршер од Австрија и денеска ја покажа својата доминација во техничките алпски дисциплини.
Во третиот, инаку втор натпреварувачки ден (вчера суперџито беше одложено, поради лошото време) на патеката на Пирин, над Банско, во првата трка од шестиот велеслалом за СК, Хиршер беше најбрз со резултат од 1:14,95 минути. Втор со заостанување од 0,22 стотинки е Норвежанецот Кристоферсен,а трет е победникот во комбинацијата и носителот на малиот кристален глобус во оваа дисциплина Французинот Пинтурол со заостанување од 0,68 стотинки.
Втората трка стартува во 12,30 часот.