Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов
Машкиот дел од алпскиот ски-карван предводен од лидерот Марсел Хиршер од денеска е во познатиот зимски центар во Бугарија,Банско Во претпладневните часови се одржа и првата од двете трки во суперкомбинација-супервелеслаломот. На одлично подготвената патека првото место го освои Швајцарецот
Мауро Кавиезел со резултат од 1:09,08 минути. Втор со задоцнување од 6 стотинки беше
Австриецот Винсент Крихмаер, а трет низ целта мина Французинот Алексис Пинтурол со задоцнување од 16 стотинки. Со оглед на фактот оти Французинот е спецојалист за втората дисциплина слалом стручњаците очекуваат негов триумф во суперкомбинацијата.
Марсел Хиршер ќе се обиде да напаѓа од 20 -тата позиција и задоцнувањето од 1секунда и 83 стотинки.Ако го извози слаломот како во неделата на Светското првенство во Оре,кога беше феноменален,може да се случи да дојде и до место на пиедесталот. Во секој случај на патеката Алберто Томба на Пирин попладнево ќе биде многу возбудливо.
Инаку, во Банско е присутна и светската и олимписката шампионка Марија Риш со која се дружевме во прес центарот.