Репрезентативецот на Словенија и член на Вардар Сташ Скубе во разговор за словенските медиуми откри дека сопственикот Сергеј Самсоненко им ги исплатил долговите пред тргнат за Келн.
„Најголемиот дел од долговите Самсоненко ни ги исплати пред фајнфор турнирот во Келн и ни вети премија“, откри Скубе за медиумите во Словенија после грандиозниот пречек на плоштадот во Скопје.
Освен тоа тој потврди дека Самсонеко останува во клубот и најави стабилна финансиска основа.
„Според последните информации за кои сега можеме да зборуваме е дека Сергеј останува, а ќе останат и голем број играчи. Црното сценарио нема да се случи. Темни облаци над Вардар нема. Ситуацијата е во ред и ќе продолжиме нормално да работиме и идната сезона“, изјавил Скубе и додал:
“После натпреварот против Пик Сегед во кој обезбедивме фајнлфор Сергеј влезе во соблекувална и ни кажа дека 100% останува“.