Запалени контејнери, ѓубре по улиците, искршени сообраќајни знаци, камења, запалени полициски возила, неколку искршени излози е сликата на Белград по синоќешните протести.
Полицијата нешто пред 2 часот ги растури демонстрантите. А тие синоќа се собраа пред српскиот Парламент, незадоволни од повторното воведување на полицискиот час, ги пробија вратите на Парламентот и влегоа во зградата. Граѓаните извикуваа „Вучиќ крадец“, „Оставки“.
Протестот пред Собранието на Србија излезе од контрола синоќа по 22 часот, пишуваат тамошните медиуми.Демонстрантите ја пробија заштитната ограда пред Собранието, запалија факели и се судрија со полицијата во обидот да влезат повторно во Парламентот.
Демонстрантите пред парламентот на Србија се судрија со припадниците на жандармеријата и во 23 часот. Полицијата употребила солзавец и бибер спреј. Демонстрантите тогаш се повлекле од горниот дел од скалилата пред парламентот, пренесува Танјуг.