На денот на ослободувањето, актерот Драган Спасов Дац со статус на својот Фејсбук профил му со “обрати“ на Скопје.
“И… Скопје мое, како си?
Те закача ли некој?
Да не мочаат по тебе?
Можеби флаат ѓубре…
Те плукаат ли?
Види, ако те плукаат, можеби е против уроци, А?
Ако те мразат, можеби се дојденци… или?
Им кажа ли за плажите на Вардар?
За корзото на плоштад
за дрворедите, за убавите градби.
Дали им кажа за Сарај, за езерото Треска?
Им кажа ли за Кензо?
Знам дека не се срамиш од опинците
на добродушните луѓе,
од оние кои учат како повеќе се сака…
Како се сакаат липите, тополите, јасените.
Ги сакаш ли убавите графити?
како оној со калинките, или
оние со бурекот, М?
Ќе видиш, еден ден ќе ни ги кажеш сите
твои болки и радости, преку нас, граѓаните…
Ама треба да се стрпиме за да дојде тој ден.
Знам, ќе дојде, ама кога…
Стварно не знам “ напиша Дац на својот Фејсбук профил.