Владата го прифати предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести за воведување на ограничување на движењето за престојниот продолжен викенд – информира министерот за здравство Венко Филипче.
Според одлуката, од утре во 21:00 часот, па сѐ до 05:00 часот во понеделник, движењето во Скопје, Тетово, Куманово со Липково и Штип се забранува.
За другите градови, се предлага воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.
Петок се прогласува за неработен ден за сите граѓани.
Се забранува посета на гробишта во овој период, освен за погреби. Земјоделците ќе може да работат непречено надвор од полцискиот час. Остануваат во важност сите дозволи издадени во претходните периоди.
Забраната не важи за лицата со попреченост и лицата што ги придружуваат.
ФОТО: Игор Паневски