Речиси цела година жителите на неколку згради од центарт на Скопје живеат во страв за своите деца. Пред камерите на А1он, револтирани граѓани сведочат за недолично однесување на средовечен маж за кој велат дека веќе неколку пати се соблекол гол и сексуално вознемирува девојчиња.
Како што објави А1он, станува збор за, средовечен маж кој се преставува како емигрант, среде бел ден се соблекува гол, сексулано вознемирува девојчиња, манијачи по влезови, напаѓа и краде златен накит раскажуваат револтирани граѓани од неколку згради во центарот на Скопје.
Како што раскажува Горан, лицето се претставува како емигрант кој говори арапски и лош англиски јазик.
Жителите од околните згради велат дека се очајни и загрижени бидејќи овој човек скоро цела година е закана за нивните деца, кој како што велат, пред нив дува лепак, крши стаклени шишиња и урла на непознат јазик.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.